Со промоција на тритомното издание „Рацин“ на МАНУ, посветено на животот и делото на Коста Солев, градот Самобор, Хрватска, и Заедницата на Македонците во Хрватска, денеска (28 ноември) ја одбележаа 87-годишнината од издавањето на стихозбирката „Бели мугри“.
Беа промовирани првиот том, „Поезија“, дело на Венко Андоновски, вториот том, „Проза и публицистика“, од Искра Тасевска Хаџи-Бошкова, и третиот том, „Животопис на Рацин“, од Весна Мојсова-Чепишевска.
Во Музејот на градот Самобор, Тасевска Хаџи-Бошкова одржала предавање за животот и делото на Рацин. Потоа, учениците од Хрватска кои посетуваат настава на македонски јазик одржале поетски рецитал. На бистата на Рацин, во дворот на Музејот во Самобор, бројни гости и делегации положиле цвеќе.
Стихозбирката „Бели мугри“ е отпечатена во илегалната печатница на Јосип Шпулер во Самобор и излегла од печат на 25 ноември 1939 година. Содржи 12 песни.
П. ПЕЧКОВ