Преку вело-тура околу Охридското Езеро си која се поврзаа три града и две држави, завршија активност од програмата за Денот на Европа 2026.
Велосипедисти, институции, партнери и гости ја поминаа рутата Струга, Поградец, Охрид, Струга, носејќи порака за одржлива мобилност, активен животен стил, прекугранична соработка и отворени јавни простори што им припаѓаат на граѓаните.
Настанот беше организиран од Јуроп хаус и Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, во соработка со Јуроп хаус и Делегацијата на Европската Унија во Албанија, заедно со Општина Струга, Општина Поградец и Општина Охрид.
Во велосипедската тура учествуваа и претставници на амбасадите на земјите членки на Европската Унија, предводени од Бен Нупнау, заменик-шеф на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, словенечкиот амбасадор Грегор Прескер и неговиот тим од Амбасадата на Словенија, Матијас Хуменбергер, заменик-амбасадор на Австрија, како и претставници од Амбасадата на Словачка и Делегацијата на Европската Унија.
Заменик-шефот на Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, Бен Нупнау рече дека оваа велосипедска тура го носи духот на Европа: отворена, инклузивна и секогаш во движење напред. Т
Како дел од прославата беше отворена и изложбата „Еуро Вело“: Најдобрите европски рути за велосипедски патувања“, посветена на европската мрежа на велосипедски рути и промоцијата на одржлива мобилност и активен туризам. Изложените фотографии се дело на фотографот и велосипедист Симон Тред.