Драматургот и директор на Театар Комедија, Дарко Спасов, е годинешен добитник на меѓународната награда „Претнар“, почесна титула „Амбасадор на словенечката книжевност и јазик“.
Ова признание се доделува на фестивалот „Лириконфест“ во Словенија на личности кои со својата долгогодишна и посветена работа дале значаен придонес во меѓународното вмрежување и промоција на поезијата, словенечката литература и словенечкиот јазик ширум светот.
Наградата „Претнар“ се доделува од 2004 и , како што велат од Театарот, претставува едно од најзначајните признанија во областа на културната соработка и книжевната дипломатија меѓу словенските и европските културни простори.
ДРАМАТУРГОТ ОД ТЕАТАР КОМЕДИЈА ДАРКО СПАСОВ ЈА ДОБИ СЛОВЕНЕЧКАТА НАГРАДА „ПРЕТНАР“
Скопје, (СМАРТ.СДК.МК)