СТАТУАТА НА ИСУС ВО РИО ОСВЕТЛЕНА ВО ЛЕКАРСКА УНИФОРМА

Рио де Жанеиро, (Си-Ен-Ен)

Статуата на Исус Христос Искупителот, едно од обележјата на Рио де Жанеиро, за Велигден им оддаде почит на здравствените работници кои се борат против коронавирусот.

Таа со светлосни ефекти беше облечена во лекарска униформа, додека истовремено, на неа беше проектиран зборот „Благодариме“ на португалски јазик.

За време на вчерашната велигденска служба на врвот на планината Корковадо, на статуата се проектираа ликовите на вистински здравствени работници.

Бразил пред неколку дена стана прва држава од јужната хемисфера со повеќе од 1.000 починати од КОВИД-19.