СВЕТОТ НОЌЕСКА БЕШЕ ОСВЕТЛЕН ОД НАЈГОЛЕМАТА СУПЕРМЕСЕЧИНА ВО 2020 (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
A Pink Supermoon rises behind the storks in their nest in the village of Rzanicino near Skopje,Republic of North Macedonia, on 07 April 2020. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Среде пандемијата на коронавирусот, светот ноќеска можеше да ужива во полна супермесечина, која се случува кога Месечината ќе дојде во својата најблиска позиција до Земјата, па затоа изгледа поголема и посветла.

Лондон (Фото: Гети)

Според НАСА, оваа супермесечина ќе биде најголема и најсветла од сите вакви феномени оваа година.

Априлската супермесечина во исто време е розова месечина, иако нејзината боја повеќе е бледо портокалова.

Истанбул (Фото: Гети)

„Името се поврзува со пролетното цутење на цвет карактеристичен за Северна Америка, кој има прекрасни розови цветови. Мос флокс е едно од најраните широко распространети пролетни цвеќиња, па така полната месечина во април го добила своето име“, појасни Џеклин Фаерти, астрофизичарка од Природонаучниот музеј на САД.

Виена (Фото: Ројтерс)
Стразбур (Фото: Ројтерс)
Лас Вегас (Фото: Гети)
Л‘Аквила, Италија (Фото: Шатерсток)
Бинтан, Индонезија (Фото: Шатерсток)