Танцовиот перформанс „Човековиот срам“ ќе се изведе вечерва од 20 часот на 44. Млад отворен театар во Младински културен центар (МКЦ).

„Човековиот срам“ е дел од проектот „Поетика на срамот“ на здружението „Артопија“ од Скопје и #рететеатро41 од Италија, што се реализираше како дел од манифестацијата „Матера – европски град на културата 2019“. Во претставата игра и македонската актерка Симона Спировска.

„Силвија Грибауди и Матео Мафесанти го истражуваат методот во кој авторите се постојано поврзани со територијата на која се наоѓаат. Денешнава публика ужива во креативни идеи што отворено поставуваат некои прашања. Кога е вистинското време да почувствуваш срам од нешто? Колку се на број интимните човекови срамови? Кога срамот што се трансформира во убавина настапува на сцена?“, велат од МОТ.