ТЕЛЕСКОПОТ „ЏЕЈМС ВЕБ“ ДАДЕ НОВ УВИД ВО „СТОЛБОВИТЕ НА СОЗДАВАЊЕТО“

Вашингтон, (Би-Би-Си)

Телескопот „Џејмс Веб“ даде нова, неверојатна перспектива за една од најубавите глетки во вселената. „Столбови на создавањето“ се ладни, густи облаци од водороден гас и прашина во констелацијата Серпенс, околу 6.500 светлосни години од Земјата.

Секој голем телескоп ја снимил оваа сцена, а најпознати се оние на „Хабл“ од 1995 и 2014 година.


Столбовите се наоѓаат во срцето на маглината Орел, која е активен регион на формирање ѕвезди. Тие се осветлени и извајани од интензивната ултравиолетова светлина од околните масивни ѕвезди. Радијацијата исто така ги демонтира кулите.

Доколку денеска би можеле магично да се транспортираме таму, столбовите веројатно веќе не би постоеле, зашто на светлината што ја детектира „Веб“ ѝ требаат 6.500 години за да стигне до неговите огледала.

„Столбови на создавањето“ снимени од „Хабл“ и од „Џејмс Веб“ (Фото: НАСА)