НЕНАД ТОНКИН СО ИЗЛОЖБА НА СКУЛПТУРИ ОД РЕЦИКЛИРАНИ МАТЕРИЈАЛИ ВО КУМАНОВО

Куманово, (СМАРТ СДК.МК)

Уметникот Ненад Тонкин вечерва (20 часот) ја отвора својата изложба „Акт“ во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Изложбата содржи осум скулптури од последните два циклуса на уметникот.

„Акт“, според Тонкин, е изложба на скулптури со мал и голем формат изработени и изложувани во различни периоди. Скулптурите одбрани за овој концепт ги спојува една главна карактеристика – фигурација, односно приказ на човечко тело. Другата важна заедничка особина на овие дела е што се изработени исклучиво со употреба на рециклирани материјали и отпад.