ТЕЛЕСКОПОТ „ЏЕЈМС ВЕБ“ ГО ПРОСЛАВИ ПРВИОТ РОДЕНДЕН СО СНИМКА ОД РАЃАЊЕТО НА ЅВЕЗДИ

Вашингтон, (АП)

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ одбележа една година космичко фотографирање со една од своите најдобри фотографии досега: драматична снимка од десетици ѕвезди во моментот на формирањето.

Најновата фотографија што ја објави НАСА прикажува 50 бебешки ѕвезди во маглина на оддалеченост од 390 светлосни години од Земјата. Овој регион е релативно мал и тивок, но полн со осветлени гасови, млазови од водород и густи кожурци прашина со деликатни почетоци на уште ѕвезди.

Сите млади ѕвезди не се поголеми од нашето Сонце. Научниците велат дека оваа снимка го дава најјасниот увид во оваа кратка фаза од животот на една ѕвезда.

Џејмс Веб“ е најголемата и најмоќна астрономска опсерваторија која досега била лансирана во вселената, од каде што првите фотографии ги испрати во јули минатата година.