ТЕЛЕСКОПОТ „ЏЕЈМС ВЕБ“ ОТКРИ ПЛАНЕТИ ГОЛЕМИ КОЛКУ ЈУПИТЕР КОИ СЛОБОДНО ЛЕБДАТ

Нион, (Би-Би-Си)

Вселенскиот телескоп „Џејмс Веб“ откри планети со големина на Јупитер кои слободно лебдат во вселената, неповрзани со ниедна ѕвезда. Она што е уште поинтригантно е што се чини дека овие објекти се движат во пар и астрономите не можат да го објаснат тоа.

Телескопот набљудувал околу 40 пара при новото истражување на познатата маглина Орион. Тие се наречени „бинарни објекти со маса на Јупитер“.

Една од можностите е дека овие објекти израснале надвор од областите во маглината каде што густината на материјалот била недоволна за да се создадат целосни ѕвезди. Друго објаснување е дека биле направени околу ѕвезди и потоа биле исфрлени во меѓуѕвездениот простор преку различни интеракции.

„Хипотезата за исфрлањето ни е омилена во моментов“, вели професорот Марк Мекохрин, виш научен советник во Европската вселенска агенција.

Оддалечен 1.400 светлосни години, Орион е најблискиот регион на формирање ѕвезди до Земјата. Видлив е и со голо око како дамка на небото.

(Фото: НАСА)