Со Доналд Трамп, во Белата куќа се врати и славното копче за диетална „кока-кола“, кое повторно е инсталирано на неговото биро во Овалниот кабинет.
Црвеното копче постојано му беше на дофат и во првиот мандат и тоа беше забележано уште првиот ден од неговиот нов претседателски мандат. Ова копче му овозможува на Трамп во секој момент да си го нарача својот омилен пијалак.
Познато е дека Трамп не пие алкохол, но наводно пие десетина диетални „кока-коли“ на ден. Неговиот постар брат Фред почина од срцев удар на 42 години како последица на претерано пиење алкохол.
За да го одбележи неговиот повторен избор, „Кока-кола“ му подари ограничено издание на стаклено шише „кока-кола“, кое содржи фотографија на Белата куќа и датумот на инаугурацијата.
(Фото: Икс)