ТРАМП ПОБАРА ОД АМЕРИКАНЦИТЕ ДА ГО ИЗБЕРАТ ЛОГОТО НА НОВИТЕ ВСЕЛЕНСКИ ВОЕНИ СИЛИ

Вашингтон, (Би-Би-Си)

Идејата на Доналд Трамп да формира нов тип воени сили допрва треба да се реализира, но неговиот тим гледа подалеку во иднината.

Менаџерот на кампањата за неговиот реизбор во 2020 година, Бред Парскејл, побара од гласачите да го изберат логото на идните вселенски воени сили на САД, при што им биле понудени неколку опции.

Пораките испратени по електронска пошта уследија откако потпретседателот Мајк Пенс се појави во Пентагон за да ја поздрави идејата за формирање вселенски сили.

Парскејл им понудил шест различни логоа на гласачите, од кои едно содржи натпис „Марс нѐ чека“.

„САД мора да инвестира во формирање нови сили, со цел да се претркаат операциите на Русија и Кина“, кажа Пенс во Пентагон.

Моментално, американската воена политика во вселената ја покриваат воздушните сили.

„Напред вселенски сили“, напиша Трамп на Твитер.