УМЕТНИЦАТА ГЕЛЕВСКА-ЖАНИ ИЗЛОЖУВА ВО „АКАНТУС“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Вечерва во 20 часот, во галеријата „Акантус“ во Скопје ќе се отвори изложбата на уметницата Жанета Гелевска-Велјаноска-Жани, насловена „Верувам дека можам да летам“. Ќе се изложат педесетина нови дела, работени во различни техники.

„Создавањето на уметничко дело може навистина да те направи птица, може да ги поттикне најсилните чувства, да те направи среќен и да направи да се чувствуваш како навистина да леташ. Во возвишеноста на креативниот чин, Жани движејќи го своето тело низ ритамот на бојата, со силината на замавнувањето со четката создава нови светови, во кои и невозможното е возможно, како летањето. Поканети сме и ние да летаме и да создадеме свои мисли“, вели кураторката Дијана Томиќ-Радевска.

Уметницата дипломирала во 1989 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на Ана Темкова, а по изложбата во лондонската галерија „Блајнс“ во 1999 година, се сели во Англија, каде работи и денес.