АКТЕРИТЕ ОД „ГОСПОЃА ДАУТФАЕР“ СЕ СОБРАА ЗА ДА ПРОСЛАВАТ 25 ГОДИНИ ОД ФИЛМОТ

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Поминаа 25 години откако Метју Лоренс, Мара Вилсон и Лиса Јакуб глумеа во култниот филм со Робин Вилијамс, „Госпоѓа Даутфаер“.

За годишнината, тројцата актери кои ги глумеа децата на Вилијамс и Сели Филд се собраа за да го одбележат јубилејот со британскиот актер Пирс Броснан.

„Ве сакам сите, многу ве сакам. Навистина е добро што сум дел од вашите животи“, вели Броснан во видеото, што Јакуб го објави на Инстаграм.

Вилијамс почина во 2014 година, а Филд не можела да присуствува на средбата бидејќи е на турнеја, на која ги промовира нејзините мемоари.

Сега 29-годишната Јакуб се повлече од Холивуд во 2000 година, Лоренс (38) продолжи да игра главно на телевизија, а Вилсон (31) освен што глуми, напиша и книга.