Вечерва (12 јули) во 20 часот во Мала станица, на Скопско лето, ќе се отвори изложбата на Ирена Расовиќ од Црна Гора, насловена „Соништата“.
Делата на Расовиќ припаѓаат на правецот на фантастичен реализам и надреализам, носејќи визии на светот исполнети со симболика, но и топлина и сигурност.
„Водата, сонцето и каменот се доминантни мотиви, прикажани како носители на живот и хармонија. Водата во нејзините дела не потопува, туку дава живот и ги смирува и прочистува.
Инспирацијата ја црпи од природата и пејсажите на Црна Гора, која ја гледа како вистински предизвик за уметничко изразување“, велат од Фестивалот Скопско лето.