ВИСКИ НА „ЛИДЛ“ ОД 1.000 ДЕНАРИ ИЗБРАНО ЗА НАЈДОБРО НА СВЕТОТ

Единбург, (Индипендент)

Виски кое во супермаркетите на „Лидл“ се продава по цена од неполни 1.000 денари го освои главното признание на годинашните Светски виски награди.

Повеќе од 40 меѓународни експерти собираа примероци од виски низ цел свет за потребите на ова натпреварување, при што „квин марго“ беше прогласено за најдобро скоч виски на светот.

Вискито на „Лидл“ се произведува според традиционални методи, при што се остава осум години да омекне во дабови буриња и содржи ароми на кајсија и слива.

Иако може да се купи само во синџирот супермаркети познат по намалени цени, „квин марго“ победи сериозна конкуренција и многу поскапи видови виски, вклучувајќи го и прославениот „џони вокер блек лејбл“.