Визуелниот уметник Страхил Петровски вечерва во Мала станица (20 часот) се претставува со изложбата „Ехоа од иднината”.

Проектот е составен од три целини, во кои авторот имплементира повеќе визуелни медиуми: објекти, „ready-made“ предмети, „found objects“, инсталации, фотографија, видео и видеоперформанс, аудиозапис, текстови и интервенции во просторот на галеријата, кои функционираат како одделни дела со сопствена интимна приказна.

Петровски е роден во Куманово во 1974, дипломирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на професорот Родољуб Анастасов, по што во 2000 година завршува постдипломски студии. Работи како советник конзерватор-реставратор во НУ Национален конзерваторски центар во Скопје.