ВЛЕЗ НА НАСТАНИТЕ НА БЕЛА НОЌ СО КОВИД СЕРТИФИКАТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 13 локации низ Скопје денеска по 17. пат се одржува манифестацијата Бела ноќ. Организаторите Град Скопје и Универзална сала најавуваат дека ќе има концерти, изложби, кинопроекции и други културни перформанси.

Програмата почнува во 19 часот и ќе трае сѐ до полноќ, а поради состојбата со коронавирусот, работното време на локалите ќе остане исто, односно нема да работат во текот на целата ноќ.

Програмата е достапна на следниот линк. 

Меѓу поголемите настани е фестивалот на „ПМГ“ во паркот на МКЦ (од 20 часот). Сите настани ќе се одвиваат според протоколите предвидени од Министерството за здравство, на сите локации ќе биде поставена редарска служба и при влез во локацијата посетителите ќе треба да покажат потврда за вакцинација.