ВО ХОЛАНДИЈА ОТКРИЕНО 4.000 ГОДИНИ СТАРО СВЕТИЛИШТЕ НАЛИК НА СТОУНХЕНЏ

Холандија, (Ројтерс)

Археолозите открија светилиште со ровови и гробници во централна Холандија старо 4.000 години, за кое сметаат дека имало слична намена како Стоунхенџ. Исто како познатиот локалитет во јужна Англија, ова светилиште, кое било големо колку три фудбалски игралишта, било направено да се порамнува со сонцето на рамнодениците.

На местата каде што сонцето греело низ отворите беа откриени животински скелети, човечки черепи и вредни предмети како бронзено копје, соопштија властите на Тил, град на 70-ина километри од Ротердам, каде што е откриено наоѓалиштето.

При ископувањата во 2017 на ова место се откриени повеќе гробови, а во еден била жена, закопана со стаклена монистра од Месопотамија, денешен Ирак. Тоа е доказ дека луѓето од оваа област биле во контакт со луѓето речиси 5.000 километри подалеку“, велат истражувачите.

(Фото: Општина Тил)