ВО КАН РЕВИЈА НА ФИЛМОВИ ОД МОБИЛ ФЕСТИВАЛ И НАГРАДА ВО ЧЕСТ НА ДИМИТАР НИКОЛОВ-ТАКИ

Битола, (СМАРТ.СДК.МК)

Ревија од победнички кратки филмови од Мобил фестивал- Меѓународниот фестивал на филмови снимени со мобилен телефон, ќе се одржи денес во 15 часот, во киното на хотелот „Идн“ , на Филмскиот маркет на Канскиот филмски фестивал. На настанот ќе биде доделена востановената награда во чест на Димитар Николов-Таки, кој го основа Мобил фестивал.

Николов почина на 28 мај на 63-годишна возраст, по кратко боледување. Покрај основањето на Интернационалниот фестивал на филмови, снимени со мобилен телефон, Таки беше филмски продуцент, менаџер на дистрибутерската компанија „КТ-филм и медиа“ и поранешен директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Настанот е дел од Меѓународната ревија на филмови, реализирани со мобилен телефон – на која се прикажуваат наградените остварувања од слични фестивали, од цел свет.

Мобил фестивал годинава ќе го има 12 издание, во организација на продуцентската куќа „КТ-Филм и Медиа“ од Битола.