На 7 август во Културно-информативниот центар (КИЦ) на Македонија во Софија ќе се отвори изложбата „Простори на конјункција – Картографија на фрагментот: Наративи, граници, меморија“ на кураторскит тим од Националната галерија на Македонија Ана Франговска, Горанчо Ѓорѓиевски, Маја Неделкоска-Брзанова и Маја Чанкуловска-Михајловска.
„Оваа изложба ја истражува кревката граница меѓу малите приказни од интимниот свет на индивидуата и големите наративи – широка, сложена мрежа на големите историски и културни наративи. Низ графика, цртеж, фотографија, видео, објект и колаж, уметниците не само што раскажуваат приказни, туку градат мултимедијални платформи во кои секој медиум станува посебен канал за конјункција“, велат кураторите.