Денеска (28 март) започна пријавувањето за Визер Скопски маратон, чие 20. издание ќе се одржи на 6 октомври. Аплицирањето ќе трае до 20 септември, но може да се затвори и порано ако се достигне предвидениот број учесници.
Маратонците и полумаратонците ќе бидат распоредени во четири стартни боксови според таргет времето што ќе го одберат при пријавувањето, додека учесниците на штафетниот маратон и на трката на пет километри ќе бидат распоредени во одделни стартни зони. Секој учесник кој ќе стартува ќе добие ваучер од 20 евра од главниот спонзор на трката.
Организатор на маратонот е Сојузот на спортови на Скопје, во соработка со атлетските клубови Работнички и Скопски маратон, додека покровители се Град Скопје, Делегација на Европската Унија и Агенција за млади и спорт.
Фото: К. Попов