Славното златно бикини што Кери Фишер го носеше како принцезата Леја во „Војна на ѕвездите“ се продаде на аукција за 175.000 долари. Костимот се појави во филмот „Враќањето на Џедајот“ од 1983 година.
Составен од седум елементи, тој беше дизајниран од Ричард Милер, главниот скулптор во компанијата за визуелни ефекти на Џорџ Лукас. Фишер во минатото често збореше негативно за костимот, велејќи дека не бил нејзин избор.
„Додадовме и меки материјали за да ѝ биде поудобно, но таа сепак не го сакаше“, кажа режисерот Лукас своевремено.
На аукцијата во САД се продадоа уште неколку реквизити од серијалот „Војна на ѕвездите“, како минијатурно летало од „Нова надеж“, кое постигна цена од 1,55 милиони долари.