БАДЕМИТЕ СЕ БОГАТИ СО МАГНЕЗИУМ И ПОМАГААТ ПРОТИВ ЗАМОР И НИЗОК ПРИТИСОК

Сад, (Тудеј)

Магнезиумот е еден од најважните минерали за здравјето, а важен е и за нормална мускулна функција, регулација на крвниот притисок, за имунолошкиот систем и синтеза на протеини.

Дополнително, магнезиумот е важен за менталното здравје бидејќи помага во намалување на стресот и го поддржува квалитетот на сонот.

Многу луѓе не земаат доволно магнезиум, што може да доведе до грчеви, замор, анксиозност и низок крвен притисок. Магнезиумот е присутен во многу намирници, па зголемувањето на внесот може да биде едноставно.
Бадемите се одличен извор на магнезиум. Тие содржат околу 80 милиграми магнезиум на 30 грама (околу 23 бадеми), што е околу 20 проценти од дневната препорачана доза за возрасен. Освен со магнезиум, бадемите се богати со здрави масти, влакна, витамин Е и антиоксиданси кои го поддржуваат здравјето на срцето и помагаат во одржување на здрава телесна тежина.

Најдобро е да се јадат непреработени и несолени бадеми.

 

(Фото: Гети)