Британската пејачка Адел ја покажа својата нова импресивна фигура на забавата што по доделувањето Оскари ја организираа Бијонсе и Џеј-Зи.
Триесет и едногодишната Адел, која освои Оскар во 2013, изгледаше непрепознатливо откако во изминатите 12 месеци успеала да ослабне за дури 45 килограми и британските медиуми пишуваат дека тоа се должи на таканаречената сиртфуд диета.
Адел ја почнала својата трансформација по разделбата од сопругот Сајмон Конеки, од кого и официјално се разведе во септември.
Покрај вежбањето со приватни тренери, Адел се подложила на сиртфуд диетата, во која се внесуваат од 1.000 до 1.500 калории дневно и се пијат природни зелени сокови.
Оваа диета беше една од најбараните минатата година и во неа се консумира храна која го поттикнува настанувањето на ензими наречени сиртуини, кои побрзо согоруваат калории, го сузбиваат апетитот, го забрзуваат метаболизмот и намалуваат воспаленија.
Според книгата на нутриционистите Ејдан Гогинс и Глен Матен, во сиртфуд спаѓаат 20 намирници, вклучувајќи кафе, чоколадо, зелен чај и црвено вино. Диетата е поделена во две фази и се базира на овие намирници.