Иако неодамнешното истражување на медицинското списание „Лансет“ покажа дека ниту едно количество алкохол не е добро, ретки се тие кои целосно би се откажале од пиење поради тоа. Стручњаците велат дека една пијачка на ден не остава последици по здравјето.
Но, сите оние кои некогаш биле на диета знаат дека притоа треба да се избегнува и алкохол, за да не се внесуваат непотребни калории во организмот.
Она што алкохолните пијалоци ги прави покалорични се додатоци како сокови со кои често се мешаат, бидејќи така драстично се зголемува количеството шеќер во нив. Но, ни чисти алкохолни пијалоци најчесто не се нискокалорични. Ако секоја вечер испиете две чаши црвено вино, со тоа внесувате околу 1.750 калории.
Порталот „Привеншн“ открива во кои алкохолни пијалоци има најмалку калории:
- маргарита со свежо цеденa лимета: помалку од 200 калории
- вотка со минерална вода и лимон: 96
- мохито (без шеќерен сируп): помалку од 100
- лајт пиво: околу 100
- розе вино: околу 120
- диетален џин тоник (без додавање шеќер): околу 120
- бело вино: околу 120
- мартини: околу 130.