Нови диети со модерни имиња и со бројни ограничувања се појавуваат цело време, но пеган диетата претставува комбинација на два веќе популарни плана на исхрана – палео и вегански.

Според описот, со оваа диета јадете како да сте пештерски човек, но пештерски човек кој води грижа за животни.

Палео диетата предвидува откажување од сите намирници што нашите древни претци не можеле да ги јадат бидејќи не познавале земјоделие, како ориз, компир, леб и тестенини, па дури и производи од цело зрно. Од исхраната отпаѓаат и мешунки и растителните масла, со исклучок на маслиново.

Од друга страна, веганите не јадат животински производи, од месо преку јајца до млеко.

Идејата да се спојат овие два концепта дојде од американскиот лекар Марк Хајмен, при што акцентот се става на зеленчук, многу малку шеќер и исклучиво маслиново масло, а целосно се отфрлуваат млечни производи, грав, мешунки, глутен и конзерванси.

Месото е дозволено, но како додаток, не како главно јадење, што нема да им одговара на вегани.

„Двете движења се фокусираат на храната која е непроцесуирана најмногу што може, без рафинирани јагленхидрати и поттикнуваат јадење многу свежи зеленчук и овошје. Добрата страна на пеган диетата е што се фокусира на храна со низок гликемичен индекс“, вели нутриционистката Лиза Хапке.