АКО ДОБИЈАМ ПОКАНА, ЌЕ ДОНЕСАМ ТРЕВА НА КРАЛСКАТА СВАДБА, ВЕЛИ РЕГЕ-ПЕЈАЧОТ ШЕГИ

Лондон, (Метро)

Реге-пејачот Шеги најави дека дополнително ќе ја зачини претстојната кралска свадба на принцот Хари и Меган Маркл ако добие покана.

Како Јамајканец, тој рече дека ќе донесе првокласна марихуана на свадбата, бидејќи без неа, нема ни добра забава.

„Се надевам дека ќе добијам покана. Можеби ќе им затреба Јамајканец, некој што ќе има трева. Некој мора да го донесе тоа на забавата. Тревата е суштинска за да има добра забава“, изјави 49-годишниот Шеги.

Пејачот кој се прослави со хитовите „О, Керолајна“ и „Не бев јас“ ќе настапи на забавата по повод 92. роденден на кралицата Елизабета Втора, што ќе се одржи во „Ројал Алберт хол“ на 21 април. Покрај него, ќе пеат и Том Џон, Крег Дејвид, Стинг и Кајли Миног.

Шеги неодамна изјави дека неговиот стил на музика и канабисот се средствата коишто можат да помогнат да се стави крај на тероризмот во светот.

„Ако ја слушате музиката на Шеги, нема да ви дојде некому да отсечете глава. Кога слушате реге, само сакате да забремените некоја девојка или да се напушите. Напушени луѓе не сакаат убивање, само љубов. На Исламска држава им треба некој што ќе ги снабдува со добра јамајканска трева“, кажа Шеги во интервјуто за „Њујорк тајмс“.