ПЛАНИНАТА ОД „ИГРА НА ТРОНОВИ“ ГО ОТКРИ СВОЕТО ДНЕВНО МЕНИ ОД 10.000 КАЛОРИИ

Рејкјавик, (Менс хелт)

Потребно е навистина многу за да се нахрани Хафдур Јулиус Бјернсон, попознат како Планината од „Игра на тронови“. Не само што има 202 килограми, туку и неговите шест дневни оброци содржат вкупно 10.000 калории.

Со таков режим, не чуди што Бјернсон трета година по ред ја освојува титула Најсилен човек на светот и неодамна го собори светскиот рекорд во кревање товар.

Преку својот канал на Јутјуб, 25-годишниот Исланѓанец откри како изгледа неговиот вообичаен режим на исхрана.

„Денот ми почнува во седум, со појадок кој вклучува шест јајца и десетици резанки сланина, по што ја земам дневната доза на витамини. Два и пол часа подоцна следува вториот оброк, кој се состои од ориз, месо од бизон и пилешко“, вели Бјернсон.

Меѓу оброците тој оди во прошетка или се фаќа за тегови. И неговите следни три оброци најчесто вклучуваат ориз, месо од бизон, спанаќ, моркови и јајца, а денот го завршува во ресторан, каде што на менито му се јајца, пилешки крилца, стек, помфрит, спанаќ и моркови.

„Го третирам моето тело како што се третира нов автомобил. Ништо не менувам, секој ден јадам исто“, открива Бјернсон.