Закари Ливи е уште еден актер кој морал да помине низ значајна физичка трансформација за да стане суперхерој. Но, 38-годишната ѕвезда на „Шазам!“, новиот хит на „Ди-Си комикс“, вели дека тоа не му било проблем, бидејќи отсекогаш сакал да биде суперхерој. Неговиот лик е бесмртник кој, меѓу другото, може да крене автобус.
„Откога ја добив работата, поминував пет-шест дена неделно во вежбалница. Но, за да набиеш физичка маса, мора и да внесуваш многу калории, 3.500-3.700 на ден. И тоа мора да бидат чисти калории, а не оние што ги добивате од сладолед“, вели Ливи.
Сепак, јадењето големи количества здрави калории за него се покажало поголем предизвик од вежбањето.
„Треба да бидеш доволно дисциплиниран за да ги изедеш сите тие калории дури и кога не си гладен“, додаде Ливи.
Акционата комедија „Шазам!“ заработи повеќе од 50 милиони долари на својата премиера во кината во Северна Америка, а преку 100 милиони на светско ниво.