Јапонски „Мајкрософт“ ја подобрил продуктивноста на своите вработени за цели 40% откако пробно вовел скратена работна недела.

Во експериментот што бил спроведен во август, околу 2.300 вработени добиле пет слободни петоци, без да им се намали платата и без да им се одземат денови од годишен одмор. Исто така, компанијата планирала да го субвенционира семејниот одмор или натамошното образование на вработените со сума до 100.000 јени (920 долари).

„Работи помалку, одмори се добро и научи многу. Неопходно е да имаш околина која ти овозможува да ја почувствуваш својата цел во животот и да имаш поголем ефект на работа. Сакавме вработените да искусат како можат да постигнат исти резултати со 20 отсто помало работно време“, изјави извршниот директор на јапонски „Мајкрософт“, Такуја Хирано.

Петдневна работна недела е популарен концепт низ целиот свет, но тридневниот викенд во јапонски „Мајкрософт“ резултирал со пораст на продуктивноста од неверојатни 39,9%. Се верува дека ова се должи на тоа што вработените морале да бидат поекономични и поефективни со времето што го имаат, па повеќето состаноци биле скратени или укинати. Исто така, поодморени, посреќни луѓе работат подобро.

Компанијата имала и други придобивки, како намалена потрошувачка на електрична енергија за 23,1% и 58,7% помалку отпечатена хартија.

Одобрен од 92,1% од вработените, експериментот се покажал голем хит.