Класични британски јадења и здрава храна се служела на кралскиот ручек во чест на младоженците, принцот Хари и Меган Маркл, организиран од кралицата Елизабета Втора.

На ручекот во замокот Виндзор, после венчавката беа поканети 600 гости, вклучувајќи познати лица, како Опра Винфри, Џорџ и Амал Клуни и Џејмс Кордон.

Според Марк Фланаген, Хари и Меган биле многу кооперативни во составувањето на менито и сакале од сѐ да пробаат

За ручекот бил задолжен Марк Фланаген, кој предводел тим од 30 готвачи и помошници. Тој изјавил дека менито го составиле заедно со Хари и Меган, кои биле многу кооперативни и сакале од сѐ да пробаат.

Во менито кое го објави палатата Кенсингтон се наведени закуските како шкотски јастог, англиски аспарагус завиткан во шунка, панакота со јајца од потполошка и лимон, пилешко со зачинет јогурт и печена кајсија, крокети со печен зеленчук, како и аспарагус со топли стапчиња со моцарела и мали домати.

Од подготовките на храната за кралскиот ручек во замокот Виндзор

Се служеше и пржено пилешко со печурки и праски, рижото со грашок и коприва со масло од тартуфи и пармезан, како и свинско месо, кое се печело десет часа на тивок оган, со прилог компот од јаболко.

Зеленчуците како аспарагус, грашок и домати биле земени од земјиштата во сопственост на кралицата Елизабета Втора.

Покрај големата свадбена торта од лимон и сируп од бозел, на гостите им биле послужени три вида на десерти (Фото: АФП)

Покрај големата свадбена торта од лимон и сируп од бозел, направена од Клер Птак, на гостите им биле послужени три вида на десерти: макаронс со шампањско и ф’стаци, крем бруле со портокал и мини крцкави погачици со малини.

Клер Птак ја дизајнираше свадбената торта

На приемот се служеле шампањско, селектирани вина, безалкохолни коктели од јаболко и бозел, подготвени од истиот сируп како тортата, како и јаболков сок.