НЕ ЈАДЕТЕ БАНАНИ ЗА ПОЈАДОК, БРЗО СЕ ОГЛАДНУВА И ПОВЕЌЕ СЕ ЈАДЕ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ, ВЕЛАТ АМЕРИКАНСКИТЕ НУТРИЦИОНИСТИ

САД, (Индепенденд)

Бананата е популарно овошје, богато со витамини и минерали. Поради високата содржина на калиум, особено се препорачува за луѓе кои страдаат од замор, недостаток на енергија и висок крвен притисок. Затоа, често е прв избор за појадок, што нутриционистите не го препорачуваат.

Зрелите банани се главно составени од јагленихидрати, од кои половина се шеќери, што ги прави едно од овошјата со најголема содржина на шеќер. Поради високата содржина на калиум, бананите се корисни за спречување на висок крвен притисок и кардиоваскуларни болести, како и за здравјето на бубрезите.
Овошјето содржи многу малку протеини и мала количина на масти. Бананите се исто така одличен извор на витамин Б6 и калиум, а исто така се богати со витамин Ц, манган, магнезиум и некои други витамини од Б-комплексот. И покрај сите позитивни ефекти и хранлива вредност на бананите, тие не се препорачан избор за појадок.

„Кога јадеме банана, шеќерот во крвта и нивото на енергија значително се зголемуваат, но во исто време драстично опаѓаат“, вели нутриционистот Дарли Џофре.

Ова потоа доведува до зголемено чувство на глад, па луѓето кои го започнуваат денот со банана, на крајот внесуваат повеќе калории во текот на денот. Исто така, бананите побавно се варат. Кога се внесува шеќер, се јавува процес на ферментација, во кој шеќерот се претвора во киселина, а тоа го блокира варењето.

Многу подобар избор за појадок се житарките или некој здрав сендвич, а бананите се подобар избор за ужина.