НОВ ЗЕЛАНД ГО УСВОИ ПРВИОТ ЗАКОН ЗА ЦИГАРИ ЧИЈА ЦЕЛ Е ДА СЕ ЗАБРАНИ ПУШЕЊЕТО ЗА СЛЕДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Окленд, (Гардијан)

Нов Зеланд го усвои првиот во серијата закони чија цел ќе биде целосно да се забрани пушењето за следните генерации.

Илјадници луѓе ќе живеат подолги, поздрави животи, а здравствениот систем ќе заштеди пет милијарди долари, потребни за лекување болести предизвикани од пушењето“, изјави министерката за здравство Ајеша Верал.

Со новиот закон, Нов Зеланд секоја година постепено ќе ја зголемува возрасната граница за дозволено пушење, со што ќе се обезбеди лицата родени по 1 јануари 2009 никогаш да не можат легално да купат цигари. Се верува дека Нов Зеланд е првата држава на светот која воведува ваква мерка.

Овој закон ќе биде следен од други, со цел пушењето да се направи помалку достапно и прифатливо, па, меѓу другото, ќе се намали законското количество никотин во тутунските производи и тие ќе се продаваат само во специјализирани продавници. Бројот на местата каде што ќе се продаваат цигари ќе биде намален од 6.000 на само 600 во целата држава.