Нов потенцијален лек против ќелавост е откриен со користење на лек чија оригинална намена била третирање на остеопороза.
Истражувачите во лабораторија откриле дека лекот има силен ефект врз фоликулите на косата и го стимулираат нивниот раст.
Тој содржел соединение што го напаѓа протеинот кој дејствува како сопирачка за растот на косата и има голема улога во нејзино опаѓање.
Водачот на проектот, Нејтан Хокшо од Универзитетот во Манчестер, вели дека „ова би можело да направи вистинска разлика кај луѓето кои се соочуваат со опаѓање на косата“.
На пазарот постојат само два одобрени лека кои третираат ќелавост, „миноксидил“ (за мажи и жени) и „финастерид“ (за мажи), но тие имаат споредни ефекти и не се секогаш ефективни, па пациентите на крајот, сепак, се решаваат за трансплантација.
„Ова е многу интересна студија. Опаѓањето на косата е често пореметување, кое може да предизвика сериозна штета на емоционалното здравје. Сепак, потребни се уште клинички испитувања пред овој лек да почне да се користи“, објави Британската асоцијација на дерматолози.