ПЕТ НАВИКИ НА ПРИРОДНО ПРОДУКТИВНИТЕ ЛУЃЕ

Њујорк, (Ридерс дајџест)

Продуктивноста може да се спречи од најмалите работи, за кои, можеби, никогаш не сте помислиле. За да дознаете како да бидете подобар во и надвор од канцеларија, погледнете ги овие навики на природно продуктивните луѓе.

Се фокусираат на нивната среќа

Една од најголемите пречки за луѓето кои сaкаат да постигнат успех е токму менталната состојба, кога негативните мисли постојано ве влечат назад. Иако негативното расположение не ви ја елиминира способноста за вршење на работата, може да ве направи многу понеефикасен. Нов поглед на животот може да ви отвори нови можности и потребни промени, кои не сте ги имале предвид порано.

Фитнесот им е приоритет

Вежбањето во голема мера го подобрува расположението преку лачење на ендорфин, ослободување од стресот и зголемување на активноста на умот. По само 30 минути умерена до поинтензивна физичка активност од три до четири пати дневно може драстично да помогне да успеете во вашите професионални цели. Доколку не сте обожавател на фитнес центрите, можете да вежбате со пријател чие друштво ќе ве  држи мотивиран.

Прават паузи

Истражувањата покажуваат дека пролонгирани активности кои бараат интензивна фокусираност и енергија можат да ве направат помалку продуктивни и фокусирани со тек на време. Затоа се потребни кратки ментални паузи. Не се мисли на одење до кафе автоматот и враќање назад во канцеларија, туку на мала прошетка или, пак, на попладневен час по јога.

Работат покрај прозорец

Доколку имате можност да го одберете местото каде да седнете за работење, обрнете внимание тоа да вклучува прозорец во близина. Истражувањата покажуваат дека изложувањето на дневната светлина ги подобрува квалитетот на сонот, благосостојбата и на нивото на активност. Продолжената изложеност на темница може да резултира со губење енергија и добро расположение. Но, ако не можете да најдете осветлено место покрај прозорец, тогаш поминете малку време надвор наутро, попладне или после работа.

Не се трудат да прават сѐ наеднаш

Иако вештината на „мултитаскинг“ не е воопшто лоша, ќе бидете многу поисполнети доколку се посветите на една работа додека не ја завршите, а потоа да преминете на друга. На некој начин, нашата култура ја промовира идејата дека колку повеќе правиме, толку сме поуспешни. Вистината е дека тоа нѐ прави помалку ефикасни и продуктивни.

Нивното работно место не е место за вознемирувања

Истражувањата покажуваат дека физичката средина на вашето работно место игра голема улога во нивото на продуктивност. Најоптимално е да можете да се внесете во работата, без вознемирувачки разговори во ваша близина. Тоа не значи дека не треба да постојат комуникација и размена на идеи. Експертите препорачуваат дека најсреќните работни средини се тие што имаат посебни простории за средби и за работа.