Воведете ги овие мали трикови во вашето секојдневие, за да му помогнете на организмот да одржи природен баланс на тежината, без потреба да се загрижувате секој пат колку калории внесувате или колку грама сте додале.
Наутро отворете ги завесите
Бранот на сончеви зраци не е само брз начин да станете од кревет. Една студија на универзитетот Нортвестерн покажа дека луѓето кои се изложувале на умерена сончева светлина наутро имаат значително понизок индекс на телесната маса, во споредба со луѓето кои ги примаат сончевите зраци подоцна во денот.
Притоа, општиот недостиг на изложување на сонце може да придонесе за десинхронизација на внатрешниот часовник, при што доаѓа до зголемување на телесната тежина.
Одберете ги вистинските чаши
Кога послужувате сок од портокал или јаболко, користете длабока, но тесна чаша, за помало внесување на калории. Едно истражување на универзитетот Корнел покажа дека кога луѓето пијат од ниски и широки чаши, имаат тенденција да внесат 25 до 30% калории повеќе, отколку кога пијат од тенки и високи чаши. Ова е последица на илузијата која ја создава мозокот, поврзувајќи ја количината на пијалокот со должината, а не со широчината.
Воведете протеини во појадокот
Повеќето луѓе внесуваат само 10-15 грама протеини за појадок, но зголемување на оваа доза до 20-30 грама може да помогне во губењето тежина.
„Протеините се клучот за заситеност. Ги активираат телесните сигнали кои ги намалуваат копнежите за јадење, го ублажуваат апетитот и го спречуваат топлењето на организмот“, вели Хедер Лејди, професорка по нутриционизам на универзитетот Мисури.
Одвојте неколку минути за медитација
Не е потребно да пеете мантри додека сте во позиција на лотос. Едноставното концентрирање врз дишењето наутро може да помогне во зголемувањето на вниманието за себе, што значи и поразумни одлуки во исхраната. Истражувачи од универзитетот Браун велат дека луѓето кои се посвесни за нивните мисли имаат поголема можност да ги забележат негативните емоции, кои обично се создаваат по прејадување.
Раздвижете се!
Поставете си цел секогаш да имате некаква физичка активност пред појадок. Во едно истражување, исто количество храна им било дадено на сите учесници, кои биле поделени во две групи: едната вежбала пред, а другата по појадокот. Резултатите покажаа дека тие кои јаделе пред вежбањето се здебелиле, а другата група не. Истражувачите заклучуваат дека навиката на вежбање пред јадење го поттикнува телото да согорува повеќе маснотии за енергија.