Бананите се хранливи, заситуваат, добар извор се на калиум, антиоксиданси и растителни влакна. Бананите можат да помогнат да се намали ризикот од хронични болести и да се подобри функцијата на цревата, но не смее да се претера со количината.
Една банана со средна големина има 105 калории, 27 грама јаглехидрати, три грама влакна, 14 грама шеќери, еден грам протеини и ниту еден грам масти. Бананите се добар извор на јаглехидрати, главното гориво на нашето тело за производство на енергија, а содржат и витамини од групата Б, како што се Б3, Б6 и Б12, кои им помагаат на ензимите да ослободат енергија од јаглехидратите.
Без разлика дали се комбинираат со утринските житарки или пред вежбање, многумина ги вклучуваат бананите во нивната исхрана на дневна основа. Американската нутриционистка Лорен Манакер вели дека бананите можат да се јадат секој ден, но тоа не важи за секого.
„Тие не се најдобриот избор за оние кои не се на исхрана со ниска содржина на калиум или за оние на кои им се покачува шеќерот во крвта по јадењето банани“, вели Манакер.
Јадењето премногу банани или друга храна богата со калиум може да доведе до вишок калиум во телото, што е наречено хиперкалемија. Ова може да предизвика сериозни здравствени проблеми, како проблеми со срцето.