СЛУШАЊЕТО МУЗИКА ПРЕД ОПЕРАЦИЈА СМИРУВА ИСТО КАКО И ЛЕКОВИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Слушањето на релаксирана музика пред операција може да го смири пациентот исто како седативи, покажа едно американско истражување.

Во него биле користени лекот мидазолам и тримунтната песна „Weightless“ на британскиот бенд „Маркони јунион“, опишана како „најсмирувачка песна на светот“ и се покажало дека вознемиреноста еднакво се намалила кај двете групи на пациенти.

Чувството на анксиозност пред операција може да влијае врз заздравувањето, бидејќи телото ги произведува хормоните на стрес.

Од друга страна, лековите кои ја намалуваат вознемиреноста можат да предизвикаат негативни ефекти и бараат постојан лекарски надзор, додека музичката медицина е безопасна и евтина.

„Музиката ја поттикнува емотивната страна на мозокот и предизвикува задоволство. Тоа значи дека пациентот може да биде во свој свет, удобно му е и има полна контрола“, вели д-р Вина Граф од Универзитетот Пенсилванија, кој го спроведе истражувањето.

Музиката е вредна алатка во медицината веќе со години и се користи при операции на мозокот и во терапии на деца, но научниците сѐ уште не можат да разберат на кој начин таа делува врз умот и телото.