СМОКВИТЕ ПОМАГААТ ВО НАМАЛУВАЊЕТО НА ХОЛЕСТЕРОЛОТ, НО СЕ ПРЕПОРАЧУВА ДА СЕ ЈАДАТ СВЕЖИ И УМЕРЕНО

САД, (Би-Би-Си)

Храната богата со заситени (или нездрави) масти може да го зголеми нивото на холестеролот, а зеленчукот, интегралните житарки и овошјето можат да ни помогнат да го одржиме здравото ниво на холестерол. Новите истражувања покажуваат дека смоквите помагаат за намалување на холестеролот.

Ова слатко овошје содржи прилично количество влакна. Во една свежа смоква со средна големина има 1,45 грама влакна. Сепак, сувите смокви содржат многу повеќе калории и шеќер од свежите, па затоа е најдобро да ги јадеме умерено.

Во едно истражување учесниците јаделе по 120 грама суви смокви секој ден во текот на пет недели како додаток на нивната нормална исхрана. Втората група останала на својата редовна исхрана без смокви. Групите потоа ги смениле условите на исхрана во следните пет недели. Се покажало дека смоквите потенцијално можат да го намалат холестеролот, заедно со овес, модар патлиџан, леќа, јагоди, соја и лосос.

Фото: Шатерсток