ПОРАНЕШЕН БУДИСТИЧКИ МОНАХ ИМ ОВОЗМОЖУВА НА ЛУЃЕТО ДА МЕДИТИРААТ ПРЕКУ АПЛИКАЦИЈА

Лондон, (Си-Ен-Ен)

Откако помина десет години тренирајќи во будистички храм, Енди Пудикомб одлучи да го сподели со светот она што го научил.

И успеа: неговата апликација Хедспејс денес има 31 милион корисници во повеќе од 190 држави. Апликацијата им овозможува на луѓето слушаат медитациски сесии додека се движат.

Моментално има многу работи кои немаат никаква смисла. Особено кога зборуваме за дигиталната комуникација. Многу луѓе се чувствуваат прегорени“, вели 45-годишниот Пудикомб.

По студиите по спортски науки, Пудикомб почнал да работи како личен тренер.

Надворешно бев многу здрав и добар, но однатре, мојот ум беше презафатен“.

Во рани 20-ти години, тој заминал во будистички храм во Хималаи и во прв момент сакал да се замонаши, но учењето во тамошниот медитациски центар го премислило и посакал да го сподели тоа што го научил.

Многу луѓе сакаат да знаат како да бидат помалку стресни, без да бидат вклучени во будистичката традиција“, вели Пудикомб.

Тој се вратил во Британија во 2004 година и шест години подоцна ја основал компанијата за медитациски настани „Хедспејс“, по што лансирал и сајт и апликација. Тој е нараторот на сите сесии, кои траат меѓу три и десет минути. Неговиот бизнис денес вреди 75 милиони долари.