ЗОШТО ТРЕБА ДЕНОТ ДА ГО ПОЧНЕТЕ СО ЈОГА

Њујорк, (Мирор)

Иако јогата постои од пред илјада години, во последно време таа стана посебно популарна во модерната култура. Таа истовремено служи како вежба за раздвижување на телото, поттикнување на здравото функционирање на умот и за намалување на стресот.

Еве само некои од позитивните ефекти на почетнички позиции, кои можете да ги пробате дома.

Го развива фокусот

Грижата за нашата ментална благосостојба е потребна, исто колку што е важно да бидеме добро физички. Јога е позната по развивање на фокусот, кој се конкретизира на две основни функции: дишењето и движењето на телото. Ова помага во насочувањето на моменталното внимание и во способноста толку да не нѝ пречат звуците од секојдневието.

Тратака“ е една од позициите која помага во смирувањето на мислите и во развивањето на способноста за внатрешна визуелизација. Таа традиционално се прави со свеќа, каде таа станува единствената точка на фокус.

Ја зголемува флексибилноста

Луѓето кои вежбаат јога обично се пофлексибилни и физички способни. Иако не се сметате за флексибилен, јога позициите помагаат во градуално зацврстување на телото. Редовното вежбање јога, исто така, го подобрува држењето на телото, бидејќи ‘рбетот станува многу пофлексибилен.

„Долна кучешка позиција“ е една од најпознатите јога позиции кога двете раце и носот се потпрени целосно на подот, а колковите се подигнати горе. Оваа позиција помага во истегнување на телото, при што се стимулира циркулацијата, а посебно вратот, главата и рамењата добиваат енергија.

Ја оздравува крвта

Јога е добра и за крвните садови и крвта. Доколку се вежба редовно, помага во намалување на крвниот притисок, зголемување на капацитетот на белите дробови, подобрување на респираторните функции и во подобрување на срцето и циркулацијата. Истегнувајќи ги мускулите, јогата ги прави почувствителни на инсулинот, клучот за контрола на шеќерот во крвта.

„Свеќа“ е меѓу најдобрите позиции за стимулација на циркулацијата на крвта во мозокот и кај оптичкиот нерв. Испружете се на душекот за вежбање и кренете ги нозете нагоре во прав агол. Ќе почувствувате како крвта тече од нозете кон срцето.

Таа е супер начин за менаџирање на стресот

Клучнaта доблест на јогата е потенцијалот да го намали стресот. Благодарение на комбинациите на медитација и вежби на дишење, јога ги смирува телото и умот и помага да го фокусирате вашето внимание.

„Вежбата со дланки“ е еден од најдобрите начини да се полните со добра енергија во раните часови по будење.  Затворете ги очите на неколку минути и нежно држете ги дланките врз нив.