АВСТРИСКА ПЕКАРА НАПРАВИ „КРОФНА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ“ ЗА ПОТСМЕВ НА ПОЛИТИЧАРИТЕ КОИ СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ ПРЕКУ РЕД

Виена, (ДПА)
dpatop - Vienna baker's pastry takes stab at vaccine queue jumpers Photo: Albert Otti/dpa

Пекара во Виена направи пандемска верзија на крофна и вметна доза на хумор со асоцијација на вакцините против ковид-19.

Создадена специјално за карневалската сезона која завршува утре, „Крофната на градоначалникот“ е декорирана со зелени топчиња кои личат на коронавирус. Во секоја крофна е вметнат пластичен шприц со кремаст ликер.

Колачот не е баш суптилна референца за неколкумина австриски градоначалници кои се најдоа на удар на јавноста затоа што се вакцинираа против ковид-19 пред општото население. Во тек е вакцинација на штитениците на домовите за стари лица.

„Сите сакаме да се вакцинираме. Сите чекаме. Си рековме да го направиме чекањето полесно, со мала доза на алкохол“, изјави Дорис Фелбер, сопственичката на пекарата „Фелбер“.