Kнижевно- гурманската манифестација „Јадење книги“, по осми пат ќе се одржи в петок, од 17 до 19 часот пред сендвичарата „Пепер“ на улицата „ Ленинова“ во Скопје.
Главна тема годинава е Животни во книжевноста.
Настанот го организираат рубриката Букбокс на порталот офф.нет и „Пепер“.
„Се прифаќаат и секакви други дела, се додека се јадат или пијат и имаат врска со книги.
Целта е приготвување и заедничко јадење храна која асоцира на книги, книжевни ликови и автори. Фестивалот се прави волонтерски, без спонзорства“, велат организаторите.
И оваа година најдобрите ќе бидат одбрани со гласање на присутните, со пригодни награди од организаторите.