Околу 1.500 индиски пекари и готвачи учествуваа во правењето на торта од 6,5 километри, за која се верува дека е најдолга на светот.

Торта од ванила со чоколаден прелив беше поставена на илјадници маси во индискиот град Керала и за да се направи биле употребени 12 тони шеќер и брашно. Нејзината тежина изнесува околу 27 тони.

„На овој начин сакавме на светот да му ги покажеме нашите вештини“, изјавија од Асоцијацијата на пекари на Керала, која го организираше настанот.

Ако се потврди нејзината должина, таа ќе го собори Гинисовиот рекорд на овошна торта од 3,2 километра, што во 2018 година ја направија кинески готвачи.