ИТАЛИЈАНСКАТА КУЈНА ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈДОБРА НА СВЕТОТ, МАКЕДОНСКАТА Е НА 61. МЕСТО

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонската кујна се најде на 61. место на листата на 100-те најдобри кујни на светот, што ја состави светскиот атлас на храната „Taste Atlas“. Притоа се истакнати 42 популарни и традиционални јадења, производи и пијалаци во Македонија, од кои најдобро оценети се ајвар, пастрмалија, тавче гравче, зелник и таратор.

На првото место се најде италијанската кујна, пред јапонската, грчката, португалската и кинеската. Хрватска е на 19-то, а Србија на 20. место на листата.

Листата беше составена врз основа на 400.000 оценки за јадења и 115.000 оценки за прехранбени производи.

(Фото: Шатерсток)