Јапонија ја одбрани титулата на Светското слаткарско првенство откако во финалето ја победи Франција. Третото место го освои Малезија, што е прв подиум за оваа земја.
Годинашното првенство се одржа во Лион и учествуваа и држави како Мексико, Египет, Маврициус и Јужна Кореја, кои се натпреваруваа во приготвување уникатни десерти.
Сите тимови беа составени од по три члена, специјалисти за чоколадо, сладолед и шеќер. Тие требаше да направат по три десерти кои би ја претставувале нивната земја: смрзнат јогурт, ресторански десерт и специјално чоколадо. Времето што го имаа на располагање беше пет часа.
„Ги спакувавме историјата и културата на Јапонија во нашите дизајни. Успеавме да вклучиме вкус и деликатни традиционални обрасци за да ги прикажеме нашите техники“, изјави јапонскиот готвач Масанори Хата.
(Фото: Шатерсток)