Ова можеби изгледа како парче колач, но процесот на негово подготвување е исклучително сложен.

Kek lapis Sarawak е деликатес од малезиската сојузна држава Саравак кој надворешно изгледа како леб, но кога ќе се пресече, се откриваат неверојатни разнобојни облици во калеидоскопски шаблон.

Ова е релативно нов рецепт и потекнува од 1980-ите. Експериментирајќи со вкусови, малезиската пекарка Џенифер Чен толку ја усовршила техниката што развила успешен бизнис, што потоа го наследила нејзината ќерка Карен.

За мене, ова е лесно, бидејќи го правам со децении. За некој почетник може да биде многу конфузно“, вели Чен.

Процесот на правење на еден ваков колач трае меѓу четири и осум часа, во зависност од сложеноста на дизајнот. Чен вели дека црта дијаграми за да го мапира колачот. Тестото се пече во големи тави и нов слој се додава на секои десет минути.

Како што се тешки за правење, така се и скапи, па еден колач чини околу 60 долари.

Сѐ правиме сами, па оди бавно. Исто така, целиот процес се одвива рачно и не можеме да направиме многу“, појасни Чен.