Еспресото е еден од најпопуларните начини на правење кафе, но и најкомплициран.

Експерти по математика, физика и наука на материјали од САД, Швајцарија и Велика Британија ги здружија силите за да ја откријат тајната на совршеното еспресо. Тие заклучија дека посилно, поевтино и поконстантно еспресо се добива ако помалку зрна се мелат на погрубо.

„Општо е искуството дека ако направите две еспреса едноподруго, тие ќе имаат различен вкус, иако користите исто кафе и ист метод на подготовка“, вели математичарот Џејми Фостер од Универзитетот во Портсмут.

Бармените денес користат многу зрна кафе од висок квалитет за да постигнат мешавина од горчина и киселост, но резултатот е непредвидлив и има многу отпад.

„Компјутерски модели и експеримети покажаа дека ако користите помалку кафе и го мелете на погрубо, ќе го добиете речиси истиот вкус со повеќе правења. Со овој ефикасен репецт, на една шолја се заштедуваат 25% од масата на кафето“, вели водачот на истражувањето Кристофер Хендон.