ТРОМБОНИСТОТ МУР СОЛИСТ НА КОНЦЕРТОТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА „ЅВЕЗДЕНА МУЗИКА“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Ѕвездена музика“ е насловен вечерашниот концерт на Филхармонијата од 20 часот. Диригент е Тимоти Редмонд, а солист е Питер Мур, и двајцата од Велика Британија.

На програмата се едно од најзначајните дела во историјата на музиката „Прстенот на Нибелунг“ од Рихард Вагнер и концертот за тромбон и оркестар „Старгејзер“ од Џонатан Дав.

Во 2008, тогаш 12-годишниот тромбонист Мур стана најмладиот победник на натпреварот за млади музички уметници на Би-Би-Си. На 18 години, тој беше назначен за еден од главните тромбонисти на престижниот Лондонски симфониски оркестар.